
Толку од Постекоглу: Нотингем го избрка без да победи!
Постекоглу пристигна во клубот на местото на Нуно Еспирито Санто, но во осум натпревари не успеа да забележи ниту еден триумф, па така разделбата може да се каже и дека е очекувана.
Разочарувањето на сопственикот на Нотингем, Марианакис можеше да се види и денеска когаа натпеварот со Челси го напушти на половина час пред крајот.
„Фудбалскиот клуб Нотингем форест може да потврди дека по серијата разочарувачки резултати, Анге Постекоглу е ослободен од должноста“, стои во краткото соопштение од клубот.
Со Постекоглу, Ноингем загуби од: Арсенал, Свонси, Сандерленд, Мјитиланд, Њуксал и Челси, а ремизираше со Барнли и Реал Бетис.