
Катастрофа во Стокхолм: Руне доживеа тешка повреда (ВИДЕО)
Тој ги имаше сите услови да дојде до победата, водеше со 1-0 откако го доби првиот сет со 6-4, а во вториот беше 2-2, но не можеше да го доигра мечот. При една размена на удари, се пожали на болки во ногата, едвај се довлечка до својата клупа, а потоа, додека му се укажуваше лекарска помош, со рацете го покри лицето и почна да плаче.
„Почувствував како пукна Ахиловата тетива“, му рече Руне на докторот кој се обидуваше да му помогне.
Кратко потоа, младиот Данец беше изнесен од теренот, а Имбер се пласира во финалето на турнирот, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Шаповалов и Руд.
фото: EPA photo