Тиквеш во „невозможна мисија“ против Бешикташ во Европскиот куп

Македонскиот суперлигаш Тиквеш вечерва од 19 часот ќе се соочи против Бешикташ во реваншот од Европскиот куп на ЕХФ.

Кавадарчани се наоѓаат во непосакувана ситуација пред реваншот против турскиот гигант бидејќи го загубија првиот натпревар со 20-31 и во реваншот ќе мора да надополнат 11 голови негатива.

Тиквеш не е во најдобра форма ниту во домашниот шампионат, односно по седум одиграни кола има само две победи и дури пет порази.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Бешикташ се игра вечерва од 19 часот.