
Севиља ја прегази Барса, па доживеа дебакл од Мајорка (ВИДЕО)
Не изгледаше дека Мајорка ќе успее да слави на ова гостување кога Варгас по асистенција од Кармона ги доведе домаќините во водство во 16-тата минута. Севиља со предност замина и на паузата.
Во вториот дел Мајорка три гола постигна во период од само десет минути. Прво Муричи израмни на 1-1 во 67-та минута, а потоа Жозеф со два гола во 72. и 77. минута обезбеди водсво за гостите.
Севиља до крајот не успеа да се врати, па мораше да се помири со поразот. За Мајорка која сега има осум бодови ова беше само втор триумф во сезоната, додека Севиља остана на 13 на седмата позиција.