
Нотингем веќе заборави да победува, Челси запиша нови бодови! (ВИДЕО)
Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, домаќините не упатија ниту еден удар во рамките од голот, меѓутоа и „сините“ не беа премногу конкретни, па така на пауза се замина со почетниот резултат.
Челси прашањето на победникот го реши во само три минути во вториот дел кога прво Ачеампонг го постигна првенецот во најсилната на англиска конкуренција во 49-тата минута, а само три минути подоцна Педро Нето од слбооден удар ја затресе мрежата за 2-0.
По ова водство, Нотингем не успеа да се врати во натпреварот, додека Челси во финишот со голот на Рис Џејмс стави точка на натпреварот. Во 87-та минута Густо кај Челси заработи втор жолт катон и беше исклучен, но веќе беше предоцна за домаќините да направат нешто повеќе.
За Нотингем ова беше само продолжување на кризата оваа сезона, а Анге Постекоглу и по осум натпревари од доаѓањето на местото на Нуно Еспирито Санто на клупата е без победа.