Екс-соиграч на Роналдо раскажува: Во Јувентус јадеше трева поради Сари

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Џанлука Фработа кој во овој момент настапува за Чезеена во интервју за „Кориере дело Спорт“ зборуваше за времето поминато во редовите на „старата дама“.

Фабота беше лев бек кој ветува и пред неколку години дебитираше за Јувентус под водство на Маурицио Сари, а потоа забележа настапи и кога тренер беше Пирло.

„Од Јувентус најмногу паметам две работи. Прво ѕидот во Вииново каде што стојат сите дресови на фудбалерите кои од младинската школа стигнале до првата екипа со огледало на крајот и порака: Следен кој ќе дебитира, можеш да бидеш ти. Второ, моментот кога излегував на терен пред натпреварот Милан - Јуве. Бев во ходникот, напнатоста беше голема. Дојде Дибала до мене и ми кажа: „Џан, Смири се. Ќе одиграш одличен натпревар, ќе ги уништиш“. Така ми даде неверојатна енергија“, се потсети Фработа.

Посебно зборуваше за Роналдо.

„Роналдо беше секојдневен пример. Во текот на еден тренинг, Сари му покажувааше движења кои требаше да ги направи при изведувањето на слободеен удар. Роналдо беше малку незадоволен. Беше поинаков, не му беа потребни упатства, чувствуваше каде топката ќе заврши. За тоа да го објасни на тренерот, зема трева и почна да ја џвака и мириса.  Во тие моменти и зборуваше: Сакам да го разберам теренот, знам каде ќе оди топката“; раскажа Фработа.

Низ кариерата Фраабота беше дел и од неколку италијански клубови (Фросиноне, Бари и Косенца) каде што настаапуваше како позајмен фудбалер.

Фото: Juventus FC/X