Охрид на шест секунди пред крајот го шокираше Металург

Охрид и Металург одиграа многу добар натпревар во СЦ „Билјанини извори“, а во драматична завршница домаќините триумфираа со 27-26.

Охрид добро го отври мечот и создаде предност од три гола (6-3), која порасна на 9-5 во 14. минута, но потоа екипата од Автокоманда влезе во одлична серија и намали на 10-11. Сепак, домаќините беа поефикасни во нападот и на паузата заминаа со 15-12.

Металург направи целосен пресврт во 44 минута (20-19), а потоа влезе во одличен ритам поведе со 25-22 на 10 минути до крајот. Меѓутоа, како минуваше времето, така се топеше предноста на гостите и Охрид стигна до израмнување во 59. минута (26-26), по што на само шест секунди до крајот Денис Тот погоди за триумф од 27-26.

Најдобар во редовите на Охрид беше Блажески со пет голови, додека кај Металург по шест погодоци постигнаа Додиќ, Хорват и Поповиќ.