Охрид ја растури Струга, Бутел убедлив против Прилеп

Охрид триумфираше со високи 31-16 против Струга во рамки на ракометната Суперлига, додека Бутел без многу проблеми го растури Прилеп со 29-19.

Струга добро се држеше на стартот од натпреварот (5-6), но потоа Охрид влезе во голгетерска серија и им избега на ривалите на 10-5. По што на полувреме Охрид замина со предност 18-9.

Охрид продолжи со доминацијата во второто полувреме, па на крајот триумфираше со убедливи 31-16. Најдобар беше Тот со осум голови, додека кај Струга се покажа Крстаноски со четири погодоци.

Бутел извојува убедлива победа на гостински терен кај Прилеп со 29-19 и ја запиша петтата победа во групата Б. Најдобар во победничкито тим беше Мајиќ со шест голови.