Најдобрите македонски судии ќе ја делат правдата на дербито во Битола

Вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар ќе се игра в сабота во салата „Боро Чурлевски“, а правдата на теренот ќе ја делат најдобрите македонски судии - Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Начевски и Николов се делегирани за битката в сабота од 18 часот, а делегати-контролори ќе бидат Марјан и Драган Начевски.

Пелистер ќе се обиде да му се реваншира на вечниот ривал за поразот од нивната прва пресметка сезонава од 24-27.

Вардар и Алкалоид имаат по 26 освоени бодови по 14 одиграни кола, додека Пелистер е трет со два поени помалку од ривалите.