
Најдобриот ирански голман ќе ја чува мрежата на Пелистер
Иранскиот чувар на мрежата доаѓа во Битола и наскоро ќе се приклучи на подготовките за сезоната 2025/26, а се очекува да биде големо засилување за Пелистер.
Хеидарирад има 34 години, а во Битола доаѓа од редовите на Партизан, каде што му помогна на тимот од Белград да ја освои шампионската титула во Србија.
Иранецот пред да се пресели во Партизан бранеше и за Динамо Букурешт дури седум години, а исто така го носи и дресот на репрезентацијата.
Пелистер потврди дека иранскиот голман потпишал договор на две години и ќе биде промовиран до крајот на јули.