
Рашфорд го облече дресот на Барселона: Ова е моето ново семејство!
Рашфорд доаѓа на позајмица во Каталонија, со надеж дека ќе остане и по крајот на следната сезона, но тоа зависи од неговите настапи во дресот на актуелниот шпански шампион.
Талентираниот фудбалер реши да го облече дресот со број 14 во Барселона, а потоа даде кратка изјава на промоцијата.
„Не доаѓам во било кој клуб. Јас се приклучувам на големо семејство“, кажа Рашфорд по доаѓањето во Барселона.
Рашфорд минатата сезона беше на позајмица во Астон вила, откако тренерот Рубен Аморим го отпиша од Манчестер јунајтед.