
Шкендија со резервите го победи Работнички (ВИДЕО)
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири за овој натпревар не сметаше на играчите кои настапија вчера против Стеауа, не играа ниту стартерите на тој меч, ниту оние кои влегоа од клупата.
Шанса добија оние кои немаа никаква минутажа, но Работнички не можеше да се носи ниту со овој втор тим на Шкендија.
Македонскиот шампион поведе со два брзи гола на Флорент Рамадани кој погоди во осмата и десетата минута.
Работнички се врати во игра со гол на Виктор Велковски во 29. минута од натпреварот намалувајќи на 2-1. Фитон Адеми во 72. минута го постави конечниот резултат, победа за Шкендија од 3-1.