Само баскетчиите ја радуваат Македонија на ЕМОФ - победа и на момците!

Македонската младинска репрезентација во баскет 3х3 ја совлада Германија со 14-10, ова е само втора победа за Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во екипните спортови.

Македонските спортисти во екипна конкуренција редат порази на големото натпреварување кое се одржува во Скопје, досега се израдувавме само на две победи, двете се во баскет 3х3.

По вчерашната победа на девојките над Литванија, денеска момците во овој спорт славеа со 14-10 над Германија.

Убедливо најдобар беше Благојче Димитровски кој даде 10 од 14 поени на нашата репрезентација, Марија Ѓоровиќ постигна два, а по еден дадоа Наум Марковски и Дамјан Стојановски.

Доцна вечерва момците ќе се сретнат и со селекцијата на Литванија, а во групата се уште и баскетчиите на Словенија. Во нивниот меѓусебен дуел, подобри беа Литванците со 21-17.