Лозана не се чувствува како фаворит против Вардар - шансите се 50-50!

Тренерот на Лозана, Петер Цајдлер не сака да ја преземе фаворитската улога на утрешниот натпревар против Вардар во Скопје во рамките од првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Вардар утре од 20:30 часот ја пречекува Лозана, Швајцарците важат за сериозен фаворит во оваа пресметка, но не и според нивниот тренер.

„Нема фаворит. За мене секогаш пред натпреварот шансите се 50-50, па така и против Вардар. Ќе има и реванш, па нема фаворит на натпреварот“, вели Цајдлер.

„Се надеваме дека утре ќе имаме добар меч. Во изминатите две недели го анлизиравме Вардар, очекуваме силен противник утре. Во Швајцарија има многу Македонци што играат и што живеат. Сите добро го знаат Џани Алиоски. Очекуваме добра игра и фер натпревар. Од тоа што го видовме на мечот со Сан Марино, очекуваме жестока игра со доста офанзива, а резултатот ќе го знаеме наредниот четврток по реваншот“.