
Ливерпул го потврди напаѓачот од 95 милиони евра!
80 милиони евра се фиксна сума која треба да биде платена веднаш, 10 милиони евра се во лесно остварливи бонуси и 5 милиони евра во потешко остварливи бонуси.
„Постигнавме договор со Ајнтрахт Франкфурт за напаѓачот Уго Екитике“, стои во соопштението на Ливерпул.
Екитике веднаш ќе летне за Хонг Конг каде треба да им се приклучи на новите соиграчи кои во моментов таму се подготвуваат за новата сезона.