
„Не можам да викнам полиција за да го натерам да тренира“
Фудбалерот на Лидс, Матео Џозев сака да се врати во Шпанија и не бира средства да го направи тоа. Одбива да тренира.
„Дојде и ни кажа дека сака нов предизвик, дека му е потребна промена, свеж воздух. Исто така ни даде до знаење дека преферира да замине во Шпанија, каде што има корени“, ја раскажува ситуацијата тренерот на Лидс, Даниел Фарке.
„Не информираше дека поради оваа ситуација, не се чувствува подготвен да патува, да тренира и да игра пријателски натпревари во Германија. Не ми се допаѓа оваа ситуација, отворено разговарав со него и му предложив да биде професионалец до крај, и да ги извршува обврските се додека не се најде решение за ситуацијата. Но тој ми рече дека не бил психички подготвен за сето тоа. Што можам да направам? Не можам да повикам полиција за да го натерам да тренира?“.
ФОТО: X/Leeds United