
Куманово немоќен, Алкалоид лесно до убедлива победа
Домашниот тим го отвори натпреварот со 1-0, но се потоа помина во знакот на момците на Кире Лазаров кој брзо ја зголемуваа предноста и на паузата веќе имаа девет голови водство (10-19).
Во вториот дел продолжи сигурната игра на фаворитот и Куманово во ниту еден момент не беше сериозна закана, па прашање беше само конечниот резултат со кој ќе слават гостите.
Одличен натпревар одигра Александар Петковски кој средбата ја заврши со дури 13 гола, додека на спротивната страна Филип Џанкарло беше стрелец на девет гола.
Алкалоид по овој натпревар со 38 бода е лидер на табелата, додека Пелистер и Вардар со натпревар помалку имаат по 36.