Игор Котески е нов тренер на КЛ7

Еден од најдобрите македонски ракометари во историјата, Игор Котески ќе биде нов тренер на најмладиот суперлигаш Голден Арт КЛ7.

КЛ7 неодамна се раздели со Андон Бошковски, па веднаш го ангажираше Котески, кој ќе работи на надградба на младите ракометари во клубот.

Котески во текот на негова ракометна кариера настапуваше за многу екипи, меѓу кои Пелистер, Борец, Вардар Ватростална, Јафа-Промет Ресен и други екипи.