Филип Талески се враќа во Македонија – пак ќе игра за Вардар!

Македонскиот ракометен репезентативец, Филип Талески, од следната сезона речиси сигурно ќе го носи дресот на Вардар, откако постигнал договор со скопскиот ракометен клуб.

Искусниот лев бек ја напушта Португалија по две сезони во редовите на Бенфика, каде не успеа да се наметне и каде што имаше ограничена минутажа. Тој имаше понуди од странски, како и од амбициозниот Охрид, но, сепак, реши да се врати во тимот со кој веќе има освоено домашни трофеи.

Талески кариерата ја почна во Металург, а како младинец замина во германскиот Рајн Некар Левен, каде што ја освои титулата во Бундеслигата. Подоцна настапуваше и за Балинген, пред да се врати во Македонија. Со Вардар освои три шампионски титули и еден Куп на Македонија, оставајќи значаен белег со своите настапи.

Тој не беше дел од македонската репрезентација на последните две големи натпреварувања , па со враќањето во Вардар би можел повторно да се наметне за настапо во светиот жолто-црвен дрес.

ФОТО: SEHA league