„Детето на Вардар“ заврши во Охрид!

Од редовите на Вардар утрово ја поврдија разделбата со Ален Ќосевски, а само неколку часа подоцна пристигна потврда за неговиот нов ангжман.

Ќосевски кариерата ја продолжува во редовите на амбициозниот Охрид со кого потпиша договор на една ипол година.

По шест ипол години во Вардар, Ќосевски во Охрид пристигнува како замена за Цирар кој пред неколку месеци го раскина договорот со македонскиот суперлигш.

Охрид на позицијата десно крило го има уште и српскиот ракометар Дарко Ѓукиќ.