Поранешен репрезентативец му се придружи на Несторовски во Славен Белупо

Поранешниот македонски репрезентативец, Леонард Жута од денеска е нов фудбалер на Славен Белупо каде што ќе настапува за едно со Илија Несторовски.

Жута е фудбалер со големо искуство во хрватскиот фудбал и во најсилното првенство во ова земја одигра вкупно 167 натпревари во кои посигна три гола и подели девет асистенции. Најголем дел од нив беа во Риека каде што беше од 2015 до 2019, додека во минатата сезона ги бранеше боите на Шибеник.

Кога се во прашање клубовите надвор од Македонија беше дел од Бромапокарјна (Шведска), Валеранга (Норвешка), Лече (Италија) и Хакен (Шведска).