
Струга го надигра Работнички за „три од три“ во Првата лига
Струга до водство стигна од пенал откако пред крајот на првото полувреме Компаоре Басироу ја затресе мрежата на голманот на Работнички за водство од 1-0.
Екипата од Дебар Маало имаше свои шанси и се закануваше кон голот на Струга, а погоди и преку Николовски, но погодокот беше поништен поради игра со рака.
Победата за Струга ја потврди Христијан Малевски, кој во судиското надополнување стрелаше за конечни 2-0.
Фото: Facebook/F.C. Struga