Кадетките загубија и од Бугарија на ЕП Б-дивизија

Кадетската репрезентација на Македонија беше поразена од Бугарија со 62-80 и така го запиша вториот неуспех во групната фаза на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија.

Македонија имаше солиден почеток на натпреварот, но потоа следеше криза во нападот која знаеше како да ја искористи Бугарија и да замине на полувреме со водство од 40-29, по што ја чуваше предноста до самиот крај.

Најефикасна во македонскиот тим беше Груевска со 18 поени, додека Колева запиша 15 поени.

Фото: КФМ