Срамно: Измамници ја искористиле смртта на Жота за пари

Интернет страницата „Фондација на Диого Жота“ повеќе не функционира откако било откриено дека зад неа стојат измамници кои сакаат да заработат од трагедијата која го погоди фудбалскиот свет.

Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа на почетокот на јули, а потоа беа организирани бројни акции од навивачите ширум светот.

Меѓутоа постојат и такви кои имале план да заработат.

„Страницата Фондација Диого Жота“ го привлече вниманието набрзо по трагедијата, за сега да биде откриено дека станува збор за измамници.

Оваа страница беше основана три дена по смрта на Жота. Но, додека се чекало информацијата да биде потврдена, изманиците „побегнале“ со 75.000 евра колку што уплатле донаторите ширум светот, мислејќи дека парите одат за семејството на Португалецот.

Од Ливерпул и семејството на Жота потврдиле дека немаат никаква врска и не знаат за постоење на фондација и нејзина интернет страница.

Страницата прекинала со работа утрово, а исто така било потвдено дека фондацијата не поднела барање за регистрација.