Кариерата можеше да му заврши поради обложување, а вечерва постигна спектакуларен гол (ВИДЕО)

Бразилецот, Лукас Пакета се соочуваше со сериозни обвинувања поради обложување, но сега тоа е зад него и може да се фокусира на настапите во Премиер лигата.

Вечерва во натпреварот против Челси, Бразилецот постигна фантастичен гол уште во шестата минута со удар од далечина за водство на „чеканите“.