Нова опција за Елмас, може да биде алтернатива за Санчо!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во последните денови е во фокусот на вниманието на италијанските медиуми поради неговото можно враќање на „чизмата“.

Досега Елмас најчесто се поврзуваше со Наполи кој преговара со Лајпциг и се обидува да го врати во своите редови, меѓутоа сега се појави и нова опција за македонскиот репрезентативец.

Наводно, Лучијано Спалети размислува да тргне по потписот на Елиф, ако и дефинитивно клбуот од Рим не успеа да го договори Џејдон Санчо. Како што стојат работите, Санчо нема преголема желба за преселба во Рим, па во Елмас „волчицата“ гледа идеална опција.

„Газета“ пишува дека Елмас би можел да пристигне на позајмица за која Рома би платила два милиони евра со опција за откуп за сума помеѓу 11 и 12 милиони евра.

Фото: RB Leipzig/X