Вардар го победи Тримо Требње и му направи услуга на Пелистер

Ракометарите на Вардар беа подобри од Тимо Требње со 32-30 во вториот натпревар од денешната програма на турнирот „Крсте Андоновски“ и на тој начин си обезбеди натпревар за третото место.

Почетокот на натпрвеваарот донесе подобра игра на словенечката екипа која најчесто беше во водство од еден и два гола разлика, а на пауза црвено-црните заминаа со еден гол негатива 16-15.

Во второто полувреме Вардар „додаде гас“, па веќе во 35. минута дојде до израмнување на 19-19 и тој момент тие беа тимот кој го диктираа темпто.

Предноста не беше преголема, меѓутоа Вардар ја имаше контролата и на пет минути пред крајот дојде до четири гола разлика (27-31).

Ракометарите на Тимо не се откажаа и до крајот намалија на два разлка, но повеќе од тоа не можеа. Со оваа победа, Вардар го обезбеди второто место во групата и ќе игра за третото место, но и му направи услуга на Пелистер кој ќе игра во финалето на турнирот.