
Охрид загуби од Нексе, но закажа финале со Пелистер
Нексе вечерва славеше победа против домашниот состав со 29-28, но сепак поради гол-разликата Охрид оди во финалето каде што ќе игра против Пелистер, додека Нексе ќе води битка со Вардар за третото место.
Одлично тргна Нексе и беше подобриот тим на теренот во првиот дел. Во кој стигнаа и до највисоки пет гола разлика (10-15). На пауза гостите заминаа со 12-16.
Но, веднаш со почетокот на второто полувреме, Охрид започна да ја „топи“ разлика и набрзо го израмни резултатот на 21-21. Дојде и до пресврт Охрид поведувајќи со два гола, меѓутоа, сепак дозволи противникот да направи пресврт.
Финалето на турнирот е игра утре во терминот од 20:00 часот.