Дембеле промаши пенал, Руиз херој на ПСЖ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и во второто коло од француското првенство против Анже славеа минимална победа од 1-0, претходно ја отворија сезоната со победа од истиот резултат против Нант.

Доминираа избраниците на Луис Енрике, упатија дури 21 удар кон противничкиот удар, додека гостите имаа само три и ниту еден во рамките од голот.

Најголемата прилика во првото полувреме ја пропушти Осман Дембеле кој не реализираше пенал во 27. минута. Моментот на одлука се случи по пет минути во второто полувреме кога во листата на стрелци се запиша, Фабијан Руиз.

Во следното коло ПСЖ го очекува гостување кај Тулуз, додека Анже ќе биде домаќин на Рен.

Фото: PSG/X