
Евроголот на Пакета само ги налути, Челси без Палмер „пукна петарда“! (ВИДЕО)
Натпреварот не започна најдобро за избраниците на Енцо Мареска бидејќи, Лукас Пакета по само шест минути со еден евро-гол донесе предност за „чеканите“.
Сепак, тој гол како само да ги налути „сините“ кој многу брзо ги свртија работите во своја корист. Жоао Педро го израмни резулатот во 15. минута, а Педро Нето се погрижи за целосен пресврт осум минути подоцна. Веќе во 34. минута Челси дојде и до два гола предност, погоди Фернандез.
Не успеа Вест хем во второто полувреме сериозно да ја загрози победата, а Челси набрзина со по еден гол на Каиседо во 54. минута и Чалбобах во 58. запиша убедлив триумф.
Челси до победата дојде и без Кол Палмер кој поради повреда го пропушти натпреварот.
Фото: Chelsea FC/X