Дортмунд за неколку минути прокоцка победа против Сент Паули (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд има што да жали на стартот на Бундеслигата, затоа што прокоцка победа против Сент Паули (3-3) и мораше да се задоволи со бод.

„Милионерите“ преку Гираси стигнаа до водство во 34. минута, а истиот фудбалер само пет минути подоцна имаше шанса да ја зголеми предноста, меѓутоа не успеа да реализира пенал.

Казната стигна на стартот на вториот дел, кога домаќинот израмни на 1-1. Сепак, Дортмунд преку Антон во 67. и Брандт во 74. минута повторно го врати водството (3-1).

Сè до завршницата „милионерите“ беа во пол-позиција да ги освојат трите бодови, но потоа во финишот ја прокоцкаа победата и му дозволија на ривалот преку Синани и Смит да обезбедат бод.

Фото: Facebook/Borussia Dortmund