Алкалоид со пехар ги заврши подготовките пред новата сезона

Македонскиот прволигаш Алкалоид е победник на 31. меморијален турнир „Јоже Шилц“ што деновиве се одржа во словенечниот град Рибница.

Во финалниот меч, нашиот тим беше подобар од домаќинот Рико со 35-32, а претходно ги совлада и Шкофја Лока и Слован. Со тоа на фантастичен начин ја најави новата сезона во која ќе се бори на три фронта и ќе се обиде да оствари нови успеси.

Во текот на подготовките, Алкалоид одигра вкупно седум натпревари и оствари победи на секој од нив.