Де Брујн погоди на дебито во Серија А, Наполи лесно го совлада Сасуоло (ВИДЕО)

Актуелниот италијански шампион Наполи со победа ја почна новата сезона во Серија А, откако вечерва со 2-0 го надигра незгодниот Сасуоло.

Скот Мектоминеј во првото полувреме ја затресе мрежата на домаќинот, додека победата ја потврди Кевин Де Брујне на своето деби во дресот на тимот од Неапол.

Наполи во следното коло ќе го пречека Калјари на 30 август од 20.45 часот.

Фото: Napoli FC/Facebook