
Арсенал го прегази Лидс, но остана без Одегард и Сака (ВИДЕО)
„Топчиите“ постигнаа два гола во првото полувреме, и тоа преку Тимбер и Сака, додека потоа во листата на стрелци повторно се запиша Тимбер, но два пати погоди и скапото засилување Виктор Ѓокереш.
Освен победата против Лидс, Арсенал се соочи и со проблеми затоа што се повредија Одегард и Сака, кои мораа предвреме да го напуштат теренот.
Арсенал ја запиша втората победа во англиската елита, откако во првото коло беше подобар од Манчестер јунајтед.
Фото: EPA PHOTO