Шок за Милан уште на стартот: Кремонезе ги однесе бодовите од Сан Сиро (ВИДЕО)

Првпат во историјата, екипата на Кремонезе го победи Милан на Сан Сиро откакао вечерва славеше во првото коло од новата сезона во Серија А со 2-1.

Кремонезе минатата сезона обезбеди пласман во италијанската фудбалска елита и ждрепката сакаше во воведниот круг да им гостува на „росонерите“. Иако прежален пред мечот, одигра херојски натпревар и ги однесе бодовите од Сан Сиро.

Изненадувањето беше најавено во 28. минута кога Баскирото го отвори резултатот за на истекеот на првото полувреме Павловиќ да израмни на 1-1. Се чинеше дека Милан во вториот дел ќе запне и ќе се потруди да дојде до победата, но такво нешто не дозволи Бонацоли кој со атрактивни „ножички“ повторно го донесе Кремонезе во водство, а со тоа и го постави конечниот резултат.

 

 

За Милан дебитираше Лука Модриќ на натпревар во Серија А, но хрватскиот ас не успеа да придонесе за подобар резултат.

фото: EPA photo