
Шкендија се засили со албански репрезентативец роден во Белгија
Нов член на тетовскиот клуб е албанскиот репрезентативец Себастијан Спахиу кој е роден пред 26 години во Белгија. Таму и ја почнал професионалната кариера, но од 2022 до 2024 година играл во првенството на Албанија, како резултат на што лани добил повик и дебитирал во националниот албански тим, на дуелот против Грузија во Лигата на нации.
Својот последен ангажман Спахиу го имал во иранскиот Мес Рафсанџан од каде си заминал во јануари оваа година и оттогаш бил без клуб.
Спахиу нема да може да дебитира во возвратниот меч од плејофот во Лигата Европа против Лудогорец, но најверојатно ќе биде во комбинација за дуелот од четвртото коло во Првата македонска лига, против Работнички идниот викенд.