Казните на поранешниот премиерлигаш се хит: Од уринирање под туш, до пропуштање ноќно излегување!

Во изминатите денови на социјалните мрежи актуелна стана листата на казни со кои се соочуваат фудбалерите на Миделсброу.

На листата која е навистина долга има наведено и дека фудбалеите ќе бидат казнети за тоа што не донеле торта за роденден, но и за уринирање под тушот.

Наведено е и доцнењето за кое е предвидена казна од 577 евра, плус доплата 30 евра за секоја минута. Тоа значи дека ако некој фудбалер задоцни половина час на натпревар ќе мора да плати 1500 евра.

Исто така е наведено дека казните мораат да бидат платени во рок од пет дена, а ако тоа не го направат износот ќе биде двојно зголемен.

За доцнење на состанок казната исто така е 577 евра, со тоа што тука минутата место 30 како за на натпревар, се доплаќа 20 евра. Кога е тренингот во прашање доцнењето се казнува со 200 евра и 20 евра по минута.

Ако некој од фудбалерите уринира под тушот ќе мора да плати 100 евра, а истиот износ би го платил и фудбалер кој би ја поместил масата за билјард при играње. Со 100 евра се казнуваат и работи како пропуштање тренинг во теретана или оставање работи на масата за ручек.

Исто така фудбалерите на Миделсброу се казнуваат и со 1.000 евра, ако го пропуштат ноќно излегување со остатокот од тимот.