Го бива за сѐ: Ѓоковиќ пред Ју-Ес Опен заигра бејзбол (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ го чека својот настап на Ју-Ес Опен кој ќе се случи ноќта помеѓу недела и поенделник, а во меѓувреме беше гостин на бејзбол натпреварот помеѓу Њујорк Џенкис и Бостон Ред Сокс.

Српскиот тенисер беше почесен гостин и излезе на теренот каде што беше поздравен со аплауз од фановите на двете екипи.

Кога е натпреварот во прашање тимо од Бостон славеше со 6-3.