Македонска ракометарка ќе игра во Франција, потпиша за прволигашот Париз!
Јанкуловска во Париз се сели од редовите на Ѓорче Петров и овој ангажман за неа ќе биде прв надвор од Македонија.
Кариерата 20-годишната ракометарка ја почна во Пелистер, а беше дел уште и од Металург. Со Ѓорче Петров успеа да дојде и до двојната круна во Македонија.
„Навистина сум возбудена што се приклучувам на Париз, едвај чекам да ги запознаам сите во клубот и да почнам со работа. Верувам дека со напорна работа можеме да напредуваме и да постигнеме големи работи следната сезона“, изјави Јанкуловска за клупскиот сајт.