Лудо деби за Томовски: Чуда правеше на голот против поранешниот клуб!

Maкедонскиот голман, Мартин Томовски имаше одличен настап во дресот на Битигхајм во германскиот Куп и тоа против својот поранешен клуб Потстдам.

Битигхајм го доби натпреварот со 25-24, а најзаслужен за триумфот беше токму македонскиот чувар на мрежата кој против своите поранешни соиграчи собра дури 16 одбрани.

Посебно интересно е што за Томовски ова беше деби настап на официјалните натпревари, па така одлично се претстави пред новите навивачи.

Со овој триумф Битигхајм си обезбеди место во 1/16 финалето.

Фото: SG BBM Bietigheim/X