Одбојкарите ќе одат на Европско првенство, но можеби со - нов селектор!

Македонската одбојкарска репрезентација вчерва ја победи Грузија и обезбеди пласман на Европското првенство кое за одбојакрите ќе биде четврто во низа, сепак на овој континентален собир можеби ќе одиме со нов селектор на клупата.

Предводникот на македонската репрезентација, Јошко Миленкоски по победата беше искрен и призна дека не е сигурен дали ќе ги води одбојкарите на континенталниот собир наредната година.

„Рано е за тоа да зборуваме и јас сум повозрасен и можеби не ми е местото со овие млади момци. Можеби ќе дојде момент кога ќе се повлечеме и тука ќе дојдат нови помлади лица, ќе видиме дали ова ќе биде тој момент или по Европското првенство. Но, за тоа ќе одлучуваме понтаму, сега ќе уживаме“, изјави Миленкоски.