Витиња го сруши Нaнт за стартна победа на ПСЖ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен со минимален триумф на гости кај Нант (0-1) ја отворија сезоната во која ќе ја бранат титулата.

Доминираа избраниците на Луис Енрике, а како се одвиваше натпреварот покажува и податокот дека домаќиите не упатија ниту еден удар во рамките од голот, ПСЖ напаѓаше и создаваше прилики, но реализацијата не одеше.

Во првото полувреме не видовме погодоци за одлучувачкиот момент да се случи на 20-тина минути до крајот кога Витиња успеа да погоди за водство и победа.

ПСЖ во следното коло ќе го одигра и првиот натпревар сезонава пред своите гледачи и тоа против Анже.

Фото: PSG/X