
Ѓоргиев: Денеска Македонија е прегорда, ова е историски ден - ќе го паметам до крајот на животот!
Еден од најдобрите и денеска на теренот против Грузијците беше капитенот Никола Ѓорѓиев кој покажа емоции во изјавата по триумфот.
„Веќе станува нормално Македонија да биде дел од најдобрите во Европа. Тоа е еден сон за кој ако некој ми зборуваше во 2017 година ќе кажев дека не е можно да се случи. Сакам да им честитам на сите кои се дел од овој успех. Денеска Македонија е прегорда, ова е историски ден и датум кој ќе го славам до крајот на животот. Имаме надеж и за во иднина.
Сакам посебно да се збалагодарам на министерот за спорт Борко Ристовски, кој ни овозможи прекрасни услови, ние имаме светски услови. Сè што посакавме ни беше дозволено, а ние се оддолжуваме за тоа со ваквите резултати“; изјави капитенот.
Eвропското првенство се игра наредната година и ќе се одржува во Бугарија, Финска, Италија и Романија.