Заиграа Модриќ и Јашари, Милан го доби Бари во Купот на Италија (ВИДЕО)

Eкипата на Милан вечерва ја оправда фаворитската улога и во првиот официјален натпревар сезонава славеше 2-0 во Купот на Италија против Бари.

„Росонерите“ беа подобриот тим на теренот и  заслужено обезбедија место во 1/16 финалето. Победата ја најави Рафаел Леао со голот во 14. минута и тоа беше единствениот во првите 45 минути, иако Милан имаше и уште некоја прилика.

Конечните 2-0 беа поставени на стартот од вториот дел кога погоди Пулишиќ.

На теренот навивачите вечерва имаа прилика да ги видат Лука Модриќ и Ардон Јашари кои се очекува да бидат големи засилувања, двајцата го одиграа последниот половина час.

Фото: AC Milan/X