
Одбојкарите за пласманот на ЕП ќе бидат наградени и со богата премија
Претседателот на Министерството за спорт, Борко Ристовски веднаш по натпреварот откри дека веќе е донесена одлука пласманот да биде награден со премија од три милиони денари.
„Овој пласман ќе го наградиме со три милиони долари, што ќе значи еден мал поттик за наредни успеси. Сакаме сите кои играат за репрезентациите да знаат дека нивниот труд за националниот дрес ќе биде вреднуван. Честитки до момците, не е мала работа да се биде помеѓу најдобрите во Европа“, изјави Ристовски.
Европското првенство во 2026 година ќе се игра во Бугарија, Финска, Италија и Романија.