Тодорски стрелаше за ТСЦ, Деспотовски асистент за пресврт на ОФК Београд (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер кој поседува и австриски пасош, Андреј Тодорски го постигна својот прв гол сезонава за ТСЦ Бачка Топола, но неговиот тим загуби со 1-3 во пресметката со ОФК Београд.

Се играше 36. минута кога Тодороски донесе водство за својот тим, но гостите направија пресврт и го добија натпреварот со 1-3.

На спротивната страна настапи поранешниот младински репрезентативец Стефан Деспотовски кој беше асистент за вториот гол на ОФК Београд.

Двајцата на теренот ги поминаа комплетните 90 минути.