Грузија не беше закана: Македонија ќе игра ново Европско првенство! (ФОТО)

Македонската одбојкарска репрезентација не дозволи изненадување и обезбеди нов пласман на Европското првенство откако денеска ја совладавме Грузија со 3-0 во сетови (25-13, 25-16 и 25-17)

Од самиот старт избраниците на Јошко Миленкоски тргнаа со сигурна и агресивна игра и по почетните 1-1 следувваше серија со која уште тука го решивме овој сет откако поведеовме со 7-1. Во продолжение гостите во ниту еден момент не го загрозија водството на Македонија и не намалија под пет поени разлика, на крајот убедливи 25-13 поведовме со 1-0.

Слична слика гледавме и во вториот сет кога одново Грузија во ниту еден момент немаше водство, меѓутоа сега парираа до 5-5. кога  со серија 4-0 се „одлепивме“ и не дозволивме да се вратат во игра. Грузијците во овој сет освоија три поени повеќе, меѓутоа во конечниот исход тоа не значеше ништо.

Најголем отпор грузиските одбојкари прикажаа во третиот сет кога на неколку пати има водство, но по израмнувањето на 12:12  следуваше сервис на нашиот капитен Никола Ѓорѓиев на кој освоимве шест поени во низа и не дозволивме некое изненадување.

За Македонија овој пласман на Европското првенство ќе биде четврти во низа.