Димитријевиќ продолжува да блеска - го растури Зенит

Ненад Димитријевиќ продолжи со извонредните настапи во дресот на Уникс на кого му донесе уште една победа..

Актуелниот шампион во ВТБ лигата денеска оствари тесна победа против Зенит на домашен терен со 91-90, а Димитријевиќ повторно беше убедливо најдобар. За 36 минути во игра постигна 32 поена (5/8 за два, 4/7 за три, 10/11 од линијата за слободни фрлања), плус 9 асистенции и 5 скока. Тројката за победа ја постигна Луј Лабери, на 5 секунди пред крајот на натпреварот.

Денешниот натпревар беше трет сезонава на кој Димитријевиќ ја мина границата од 30 поени откако против Автодор постигна 35, а против ЦСКА 38. Уникс го искористи вчерашниот кикс на ЦСКА и сега има една победа повеќе во однос на московскиот тим, на чело на табелата.