Анчелоти по дебито на Елмас: Тој е модерен фудбалер, ќе ни биде од голема помош

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, е задоволен од придонесот на македонскиот фудбалер Елиф Елмас, кој дебитираше во дресот на „небесно сините“на денешниот пријателски меч против Кремоненсе (3-3).

Италијанскиот стручњак по натпреварот за италијанските медиуми изјави дека со трансферот на Елмас, Наполи добил на сигурност во средниот ред.

Тој ќе му даде квалитет на средниот ред. Среќен е тука и ова е многу важно за нас. Станува збор за модерен играч од средниот ред кој ќе им помогне на останатите фудбалери во креативниот дел, изјави Анчелоти.

Инаку, Елмас на мечот против Кремоненсе влезе во 60. минута.