Анчелоти не чекаше многу: Елмас дебитираше за Наполи (ФОТО)

Фудбалескиот репрезентативец на Македонија, Елиф Елмас, дебитираше во дресот на Наполи на пријателскиот натпревар против Кремонезе.

Предводникот на „азурите“, Карло Анчелоти, му даде шанса на играчот од средниот ред  во 69. минута, а потоа следуваше еуфорија и аплаузи од страна на навивачите на Наполи.

Елмас имаше можност 20-тина минути да се докаже во новата средина, а во моментите кога влезе во игра Наполи водеше со 3-2 против второлигашот, но на крајот противникот израмни за конечни 3-3.

Поранешниот фудбалер на Фенербахче и Работнички го замени повредениот Малкут и првпат го облече дресот на Наполи со број 12.